Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми 50 милиони за нов дефанзивец

Манчестер Јунајтед спреми 50 милиони за нов дефанзивец

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Челзи, но сепак остана во Виљареал.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Манчестер Јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи големата конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…