Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед понуди 55 милиони евра за Киеза?

Манчестер Јунајтед понуди 55 милиони евра за Киеза?

Според пишувањата на италијански La Nazione, Манчестер Јунајтед испратил понуда до Фиорентина за Федерико Киеза.

Репрезентативецот на Италија се поврзува со неколку клубови од Серија А, но сега наводно и Манчестер Јунајтед пројавува интерес.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претседателот на Фиорентина претходно истакна дека Киеза ќе го продаде само во случај да пристигне вистинска понуда, па се појавува прашањето дали 55 милиони евра, колку што нуди Јунајтед се доволни за напаѓачот?

Овој 22-годишен напаѓач оваа сезона постигна 10 погодоци во Серија А и во изминатите неколку сезони постигнува двоцифрен број на голови, поради што го привлече вниманието на фудбалските великани.

Црвените ѓаволи минатата сезона завршија на третата позиција во ПЛ и се пласираа во ЛШ, па за очекување е дополнително да се засили тимот. Наскоро се очекува потпис на Санчо, а веројатно ќе има уште неколку квалитетни играчи на Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се сеќавате на навивачот кој вети дека нема да се шиша додека Јунајтед не врзе пет победи – еве како изгледа сега (Видео)

Навивачот на Манчестер Јунајтед, Франк Иллет, стана познат во британската јавност во октом…