Како што пренесуваат медиумите во Англија, Томас Муние е на чекор до трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.
Муние на масата имаше понуда и од Арсенал, но играчот го одбрал клубот од „Олд Трафорд“ бидејќи како дете навивал за нив. Одлучил кариерата да ја продолжи во Манчестер, а управата на клубот започна со реализација на транфсерот. Јунајтед ќе плати 25 милиони евра за белгискиот репрезентативец, а се наскоро би требало да биде готово.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Муние имаше добра сезона во Франција, на 31 настап запиша пет гола и седум асистенции, но ПСЖ би го пуштил за релативно добри пари. Така, „Ѓаволите“ пронајдоја замена за капитенот Валенсија, но тоа е само почетокот на револуцијата на „Олд Трафорд“. Солскјер и неговиот стручен штаб ќе има полни раце работа, доаѓањето на Муние е само почеток.