Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед му нуди 100.000 фунти неделно на тинејџер

Манчестер Јунајтед му нуди 100.000 фунти неделно на тинејџер

Манчестер Јунајтед на лето сака значително да го засили тимот со докажани фудбалски имиња, но и големи таленти.

Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 30 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако има смао 16 години тој веќе запиша 35 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.

Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Понудата од 30  милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингам ќе се развива понатаму и ќе напредува. 

Интересно, за да ја победи конкуренцијата Манчестер Јунајтед на тинејџерот му нуди неделна плата од 100.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…