Ајакс и Манчестер Јунајтед во Стокхлом ќе се борат за освојување на Лигата на Европа, но и за многу повеќе.
Второто по квалитет натрепварување во Европа се наближи до самиот крај, во финалето ќе играат играчите на Манчестер Јунајтед и Ајакс, а влоговите се високи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пласманот во ЛШ и трофејот не е само она што е вредно од ова натпреварување, туку и огромните награди. Особено за Манчестер Јунајтед. Имено, секој играч во Манчестер ќе добие плата поголема за 25%, а ќе поделат и 1 милион фунти бонуси.
Од другата страна, постои клаузула во договорот на секој фудбалер кој добива повеќе од 20,000 фунти неделно дека ќе загуби 25% од платата доколку екипата не се пласира во ЛШ, што е активирано пред почетокот на оваа сезона поради што Манчестер Јунајтед би останал во плус 28 милиони фунти.
Ибрахимовиќ, Погба, Михтарјан и Бејли немаат таква клаузула во договорот, но тоа ќе им се случи доколку не се пласираат во Лигата на Шампионите.
Исто така, Манчестер Јунајтед би можел да има и големи проблеми со спонзорот Адидас, кој во договорот има право да ги намали трошоците за спонзорството доколку тимот не се пласира во ЛШ.