Примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновото име на списокот е Тами Абрахам.
Откако ја загубија битката за потписот на Дарвин Нуњес, сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Абрахам, кој одигра одлична сезона во Рома.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, но интерес исто така покажува и Арсенал.
Двата англиски гиганти се спремни да понудат 80 милиони евра, но Рома во моментов не сака да го продава напаѓачот.