Манчестер Јунајтед постигна договор со Сарагоса за трансфер на шпанскиот „вундеркинд“ Матео Мехија, пренесуваат англиските медиуми.
Според информациите „црвените ѓаволи“ за младиот голмајстор ќе платат 130.000 фунти. Мехија го привлече вниманието на англискиот клуб со 60-те гола кои ги постигна минатата сезона за младиот тим на Сарагоса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште во јуни Манчестер Јунајтед се обиде да го договори трансферот, но дури сега двата клува најдоа заединчки јазик.
16-годишниот Мехија веќе тренира со „црвените ѓаволи“, бидејќи немаше професионален договор па имаше право слободно да тренира со друг клуб.
Интерес за него покажуваше уште Реал Мадрид и неколку други европски гиганти, но Манчестер Јунајтед ја победи конкуренцијата.