Во Манчестер Јунајтед ја разгледуваат можноста да го привлечат играчот на Атлетико Мадрид, Киран Трипие.
Медиумите на Островот пренесуваат дека трансферот го „кочи“ казната од ФА за суспензија од 10 недели која ја доби Трипие поради прекршување на правилата за обложување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Солскјер сака да донесе искусен десен бек, кој ќе биде алтернатива со Ван Бисака за таа позиција. Манчестер Јунајтед смета дека со понуда од 20 милиони фунти ќе го убеди Атлетико Мадрид да го пушти Трипие на „Олд Трафорд“.
Трипие ја обжали казната и доколку му биде намалена, можно е трансферот да се реализира во јануари.
MARTIN SAMUEL: Atletico Madrid are right to challenge Kieran Trippier's trumped-up ban: https://t.co/8JaOUloWtd
— MUFC News (@MUFCNewsApp) January 8, 2021