Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканжи.
Ралф Рангник смета дека треба да се засили конкуренцијата во одбраната и да има добра алтернатива за капитенот Мегваер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фил Џонс и Ерик Баи најверојатно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната, па „црвените ѓаволи“ сакаат да донесат нов дефанзивец.
26-годишниот Аканжи има договор со Борусија на 16 месеци и „милионерите“ се спремни да го продадат за 25 милиони евра.
Германските медиуми дури тврдат дека има официјална понуда од Манчестер Јунајтед и дека трансферот ќе се реализира на лето.