Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го сака Арнаутовиќ

Манчестер Јунајтед го сака Арнаутовиќ

Манчестер Јунајтед има проблем со реализацијата, па Тен Хаг сака да донесе искусен централен напаѓач.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е Марко Арнаутовиќ, а агентот го потврди интересот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Да вистина е, има понуда од добро познат клуб. Во контакт сум со Болоња за да видиме дали ќе може да се реализира“, потврди менаџерот.

Манчестер Јунајтед испратил прва понуда од 9 милиони евра, која експресно била одбиена.

Болоња за слободата на Арнаутовиќ бара 15 милиони евра, па останува да видиме дали Јунајтед е спремен да ја плати оваа сума.

Австриецот минатата сезона одигра одлично во Серија А каде постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…