Дома Фудбал Англија „Манчестер Сити ги има најдобриот тренер, најдобриот играч за врска и најдобриот напаѓач во светот“

„Манчестер Сити ги има најдобриот тренер, најдобриот играч за врска и најдобриот напаѓач во светот“

Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер не се сомнева зошто Манчестер Сити со години е или шампион или еден од главните претенденти за титулата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ го кренаа трофејот во последните две сезони, односно четири пати во последните пет години, а моментално заостануваат четири бода зад лидерот Арсенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Манчестер Сити го има најдобриот тим на светот, го имаат најдобриот тренер, најдобриот напаѓач и најдобриот играч за врска во светот“, рече Карагер и продолжи:

„Без огромни инвестиции тие би биле просечен премиерлигашки клуб. Зошто се толку опседнати со тоа? Тие уживаат во тоа. Подобро е да си на врвот отколку да заостануваш во средината“.

Покрај Пеп Гвардиола, Карагер мисли и на Кевин де Брујн и Ерлинг Халанд, кој летово дојде на островот од Борусија Дортмунд и со 15 гола е убедливо најдобар стрелец во Премиер лигата.

Граѓаните во сабота го пречекуваат Брајтон во 11. коло од шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …