Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа својот прв пријателски натпревар во рамките на подготовките за следната сезона,
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во САД каде што ќе го одиграат првиот дел од подготовките за следната сезлона. Избраниците на Жозе Мурињо ова утро го одиграа пријателскиот натпревар против ЛА Галакси и убедливо славеа со 5:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јунајтед многу добро го отвори натпреварот и до водство дојде уште во втората минута, кога Рашфорд ја затресе мрежата на противникот. Во 20. минута беше 2:0, а повторно стрелец беше младиот напаѓач на Јунајтед. Шест минути подоцна гостите го постигнаа и третиот гол, а овој пат на листата на стрелци се запиша Фелаини.
На почетокот на вториот дел Мурињо направи 11 промени, каде што им даде шанса на другите играчи, меѓу другите, Ромелу Лукаку кој дебитираше во дресот на Манчестер Јунајтед. До крајот на натпреварот видовме уште четири гола. Михтарјан во 67. минута зголеми на 4:0, а петиот гол за Јунајтед го постигна Мартиал.
Конечните 5:2 во овој натпревар ги стави поранешниот напаѓач на Барселона, Џовани Дос Сантос, кој два пати ја затресе мрежата на Јунајтед.