Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е сигирен дека „црвените“ оваа година ќе го прекинат 29-годишниот пост и ќе станат шампиони во Премиер лигата.
Мане е сигурен дена тој и неговите соиграчи нема да ја пропуштат шансата како во сезоната 2013/14 кога Ливерпул беше на чекор до титулата и ја испушти во последните две кола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурен сум дека ќе бидеме шампиони. Кога се будам не одам на тренинг со мислата дека нема да победиме. Не е лесно да ги слушаш коментарите на луѓето за пропустите во минатото. Треба да ги игнорираме и да сконцентрираме на натпреварите кои ни престојат“, истакна Мане.
„Да, Ливерпул имаше голема шанса да ја освои титулата пред неколку години и не го направи тоа, но тоа само му помогна на клубот да бидеме таму каде што сме сега. Сигурен сум дека оваа година ќе ја освоиме титулата“, заклучи Сенегалецот.