Италијанските медиуми веќе на големо пишуваат дека Звонимир Бобан и Паоло Малдини ќе го напуштат Милан.
Многу бура на Апенините предизвика интервјуто кое го даде Бобан и во кое го обвини извршниот директор Иван Газидис дека му работи зад грб, а епилог од целата приказна веројатно ќе бидат откази.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите одлучено е Бобан и Малдини кои се главни оперативци на „Сан Сиро“ да бидат отпуштени и скоро сите италијанси медиуми тврдат дека е само прашање на време кога и официјално ќе бидат отпуштени.
Не е тајна дека тандемот Бобан-Малдини не се сложуваше најдобро со Газидис. Сега медиумите на „Чизмата“ стигнаа до информации дека двајцата денес им соопштиле на играчите дека заминуваат.
„Им ја објаснија ситуацијата и им кажаа дека заминуваат“, пишуваат на Апенините.