Попладнево македонската фудбалска репрезентација од скопскиот аеродром отпатува за Рим каде што за два дена не чека натпреварот против Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последно време навикнавме на добри резултати против Италијанците, па сигурно дека домаќинот нема да не потцени. Македонија во натпреварот влегува без резултатски притисок, додека Италија е во битка со Украина за второто место кое е последно што води на Европското првенство наредната година.
Натпреварот се игра во петок во терминот од 20:45 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим.


