Големиот македонски талент и фудбалер од Војводина Влада Новевски, од денеска избра да игра за младата репрезентација на Србија.
Новевски е 18-годишен фудбалер кој игра на сите позиции во нападот и важи за исклучителен талент.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тој е роден во Нови Сад во 2002 година беше дел од У16, У17, У18 и У19 селекциите на Македонија, а сега ја избра српската репрезентација.
„По разговорот со директорот Никола Лазетиќ, донесов, заедно со родителите, дефинитивна одлука да по четигодишни настапи за сите катогории на Македонија, заиграм за Србија. И ќе ми биде чест. Едноставно проценката ми е дека ќе имам подобри услови за развој, довербата на која наидов во Фудбалскиот сојуз на Србија ми гарантира дека ќе имам добра работа и се надевам на делосна афирмација“, изјави младиот фудбалер.