Дома Македонски спорт Македонец од САД потпиша за дански Нордсијеланд

Македонец од САД потпиша за дански Нордсијеланд

Maкедонецот Милан Илоски кој е роден во Сан Диего во САД, но има и македонското државјанство потпиша договор со данскиот суперлигаш Нордсијеланд.

Илоски кој има 24 години одигра одлична сезона во Оранџ Каунти во САД и така го привлече вниманието на еден од најдобрите дански клубови. Во овој момент Нордјиланд е второпласиран во Суперлигата на Данска.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во 2022 година Илоски како играч на криллната позиција постигна 22 гола на 35 натпревари.

„Беше навистина лесен избор за да потпишам, па со огромно нетрпение го очекувам доаѓањето во клубот. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на сите во клубот“, изјави Илоски.

Според договорот Илоски ќе ја заврши сезоната во САД, а потоа во јануари 2024 ќе пристигне во данскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…