Дома Фудбал Останато ЛШ награди: Дефанзивецот, играчот за врска и напаѓачот од ист клуб

ЛШ награди: Дефанзивецот, играчот за врска и напаѓачот од ист клуб

Можеби наградата за најдобар дефанзивец можеше да биде во рацете на некој играч од друга екипа, но за играч за врска и напаѓач немаше дилема.

Без сомнеж, човекот кој е во конкуренција за најдобар играч на ЛШ за минатата сезона ја доби наградата за најдобар голман. Станува збор за голманот на Јуве, Џанулиџи Буфон.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тој на голот на Јуве во ЛШ минатата сезона бранеше на 12 натпревари, прими само седум гола, а дури осум пати ја сочува мрежата. Треба да се додаде дека во самото финале прими четири гола од Реал, па на 11 натпревари осум пати ја сочува мрежата, а на останатите три натпревари прими само по еден гол.

По тоа, за време на ждрепката, меѓу промените на шеширите, беше доделена наградата за најдобар дефанзивец, играч за врска и напаѓач од минатата сезона. Сите три награди завршија во редовите на Реал Мадрид, а за најдобар дефанзивец прогласен е Серхио Рамос.

Што се однесува за најдобриот играч за врска, заслужено наградата ја доби хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

За најдобар напаѓач очекувано е прогласен Кристиано Роналдо. Тој на 13 настапи успеа да постигне дури 12 гола и да запише пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…