Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку е спремен да направи финансиска саможртва за да се пресели во редовите на милански Интер.
Белгиецот преку својот агент дал индикации дека е спремен да добива далеку помала плата од сегашната која ја има на „Олд Трафорд“, што треба да биде прв чекор кон реализација на трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер не го крие интересот кон Лукаку, кој е приоритет на Антонио Конте и веќе ги започна преговорите со Манчестер Јунајтед.
Проблем е што „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 75 милиони фунти и не се спремни да прифатат понуди како позајмица со задолжителен откуп.
Поради тоа Лукаку е спремен да ги намали барањата за плата, со цел да му „помогне“ на Интер што е можно побрзо да го реализира трансферот.