Ромелу Лукаку беше приморан да испрати извинување после изјавата дека 23 од 25 играчи на Интер биле болни кон крајот на јануари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лукаку во разговор во живо преку Инстаграм со белгиска телевизија изнесе некои неверојатни информации.
„Имавме слбоодна недела во декември и кога се вративме се колнам дека 23 од 25 играчи беа болни. Не се шегувам. Игравме против Каљари и после 25 минути еден од нашите дефанзивци мораше да го напушти натпреварот. Не можеше да продолжи бидејќи скоро и да се онесвести“, раскажа Лукаку.
Откако оваа изјава стигна до миланскиот клуб побараа од Белгиеците јавно да се извини. Лукаку тоа го направи, а клубот го прифати неговото извинување.
Иако ги прекрши клупските правила стрелецот на 23 гола на 35 натпревари пред прекинот на сезоната нема да биде санкциониран.