Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку призна дека му е сон еден ден ќе игра во италијанското првенство.
Лукаку во минатото често беше поврзуван со трансфер во Серија А, а сега Белгиецот јавно изјави дека сонува еден ден да заигра во Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога го напуштав Челзи имав можност да потпишам за Јувентус. Сепак, тогаш не беше вистински момент за преселба во Италија. Серија А е сон за мене. Се надевам дека некогаш ќе отидам таму, но сега сум фокусиран само на Манчестер Јунајтед“, изјави Лукаку.
Неговиот сон може да се оствари уште ова лето бидејќи сериозен интерес за него покажува милански Интер, а според информациите од Островот, Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде.
Оваа сезона Лукаку настапи на 44 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 15 гола и 1 асистенција, но не влегува во плановите на Солскјер за следната сезона.
https://youtu.be/UOkx-OFh2b0