Дома Фудбал Италија Лукаку и Брозовиќ се фатиле за гуша, соиграчите спречиле поголем инцидент

Лукаку и Брозовиќ се фатиле за гуша, соиграчите спречиле поголем инцидент

После одличниот старт во Серија А, Интер одигра лош натпревар во Лигата на шампиони и се спаси од пораз од Славија Прага во последната минута.

После лошиот резултат веднаш се појавија проблеми во соблекувалната на „нероаѕурите“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат италијанските медиуми, за малку е избегната физичка пресметка во соблекувалната веднаш по натпреварот, а главни актери биле Брозовиќ и Лукаку.

Белгиецот бил гласен во соблекувалната и ги обвинил соиграчите дека не се залагале доволно на теренот и не покажале храброст,а Брозовиќ не бил воодушевен од критиките.

Двајцата започнале жестока расправија, а соиграчите за малку спречиле физичка пресметка, пренесува „Газета дело Спорт“.

Во сабота Интер го игра големото градско дерби против Милан во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ ги потврди суспензиите на ОФС Кичево и ОФС Охрид

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа годишното редовно Собрание на …