Интер му ја предаде титулата на градскиот ривал Милан, а еден играч на „нероаѕурите“ стана мета на потсмев.
Станува збор за турскиот играч за врска Хакан Чалханоглу, кој до минатата сезона беше член на Милан, а минатото лето се пресели во Интер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој кога пристигна во редовите на градскиот ривал изјави дека дошол да го освои Скудетото, но тоа на крајот забрши во Милан, па Чалханоглу остана со празни раце.
Хакан не само што во очите на миланистите ќе остане предавник, туку сега е предмет на потсмев на социјалните мрежи и е прогласен за најголем лузер на сезоната.
