Дома Останати Тенис Лудо сценарио: Ѓоковиќ може од притвор да игра на Австралија Опен!

Лудо сценарио: Ѓоковиќ може од притвор да игра на Австралија Опен!

Утрово од Мелбурн пристигнаа нови вести, а тоа е дека Министерот за емиграција ја поништи одлуката на судот и му ја одзема визата на Ѓоковиќ.

Во ваква ситуација значи дека Ѓоковиќ нема да може да игра на Австралија Опен. Меѓутоа постои и една опција. Имено, според последните информации од адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, жалбата е веќе спремна на оваа одлука и таа ќе биде доставена.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Дека има намера да оди до крај најави и таткото на Ѓоковиќ на прес-конференција пред неколку дена кога и на прашање на новинарите за ваква ситуација каква што се случи одговори дека Ѓоковиќ би поднел жалба.

Жалбената постапка може да трае 28 денови, а тоа значи дека Ѓоковиќ би можел од притвор да игра на Австралија Опен. Сепак постои ризик и тука затоа што ако неговата жалба биде одбиена автоматски добива казна од три години за влез во Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз прв финалист на Ролан Гарос

Карлос Алкараз ќе игра во финалето на турнирот Ролан Гарос втора година по ред. Шпанецот с…