Дома Фудбал Германија Лудница во Германија: Леверкузен води со 6:1 – на полувреме! (ВИДЕО)

Лудница во Германија: Леверкузен води со 6:1 – на полувреме! (ВИДЕО)

Леверкузен на свој терен игра натпревар од 32-то коло во Бундес лигата против Ајнтрахт Фанкфурт и после само едно полувреме води со 6:1!

Станува збор за многу важен натпревар за двете екипи во борбата за место во Лигата на шампионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поведоа домаќините во втората минута со голот на Хаверц, а Брендт во 13-тата минута зголеми на 2:0. Само една минута подоцна намалија на 2:1 откако Тах си постигна автогол. Во 23-тата минута Леверкузен зголеми на 3:1 со вториот гол на Бренд, а во 28-та веќе беше 4:1.

Во 34-тата пукна „петарда“ со голот на Аларио. Само две минути подоцна Леверкузен стигна и до 6:1.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…