Дома Фудбал Останато Луд натпревар во Португалија: Играа со 9 фудбалери, примија 7 гола, па го прекинаа мечот🎥

Луд натпревар во Португалија: Играа со 9 фудбалери, примија 7 гола, па го прекинаа мечот🎥

Натпреварот помеѓу Белененсес и Бенфика во елитната португалска лига денес е главна тема во цела Европа.

Поради голем број заразени фудбалери со коронавирус, Белененсес го почна натпреварот со само девет фудбалери. И покрај таквиот факт, од португалската лига одбиле да го одложат натпреварот, а тоа Бенфика безмилосно го казни со седум голови во првото полувреме.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На полувреме двајца од играчите веќе не можеа да продолжат, па беа повлечени, а по само две минути во вториот дел се повреди и голманот кој играше како десен бек, Жоао Монтеиро, по што натпреварот беше прекинат затоа што домашниот тим остана само со шест играчи на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…