Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лоши вести од Бундеслигата: Уште една ѕвезда го пропушта СП!?

Лоши вести од Бундеслигата: Уште една ѕвезда го пропушта СП!?

Одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд Мичу Батчуаи е потешко повреден во вчерашното дерби против Шалке.

Во завршницата на натпреварот во кој Шалке водеше и на крајот славеше со 2:0, Батчуаи тргна кон голот на домашниот тим, но после контакт со еден дефанзивец на Шалке заработи повреда и на носилки беше изнесен од теренот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се виде и по изразот на лицето на Батчуаи дека неговата повреда е сериозна, а степенот на тежината сеуште не е познат.

„Има големи болки и би можел долго да отсуствува. Сепак се надевам дека не е толку лошо.“ – изјави тренерот на Милионерите.

Белгијанците се во страв дека Батчуаи ќе го пропушти Светското првенство во Русија. Иако не е прва опција на селекторот Роберто Мартинез, ќе биде вистинска штета доколку не се појави на Мундијалот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ѕвездата на Дортмунд купил боксер и електрошокер: Казна од 450.000 евра за Aдејеми

Германскиот фудбалски репрезентативец и играч на Борусија Дортмунд, Карим Адeјеми (23) се …