Mичу Батчуаи буквално во последните моменти од преодниот рок го комплетираше трансфер во Премиер лигата.
Непосакуваниот напаѓач во Челзи кој вчера и официјално го раскина договорот за позајмица со Валенсија беше мета на Монако, но трансферот пропадна. Се пишуваше дека бил понуден на Тотенхем, но Покетино не бил убеден во неговите квалитети.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како и да е Белгиецот остана во Лондон и ќе го носи дресот на Кристал Палас!
? Batsman Returns to London!
Welcome to the Palace, @mbatshuayi ? #CPFC ?
? https://t.co/GXoBd1Ujhn pic.twitter.com/eVQgrN8uD5— Crystal Palace F.C. (@CPFC) February 1, 2019
Батчуаи секако претставува големо засилување за тимот од Селхуст Парк.
На позајмицата во Валенсија Батчауи одигра 15 натпревари и постигна само еден погодок.
Во последните моменти од трансфер периодот се случи и уште еден трансфер. Србинот Лазар Марковиќ потпиша за Фулам.
Welcome to #FFC, @LMarkec50!
? https://t.co/KaQCAySidR #WelcomeLazar pic.twitter.com/XG8KsDt0ic
— Fulham Football Club (@FulhamFC) February 1, 2019