Дома Трансфер зона Челзи сака продажба, Французите „нудат“ позајмица: За вишокот во таборот на „сините“ има само една опција

Челзи сака продажба, Французите „нудат“ позајмица: За вишокот во таборот на „сините“ има само една опција

Белгиецот, Мичу Батчуаи се врати во Челзи откако Валенсија одлучи да ја прекине позајмицата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Батчуаи во Валенсија пристигна пред почетокот на сезоната како големо засилување во нападот, но воопшто не ги задоволи апетите на шпанскиот клуб, па беше вратен во Лондон.

И во Челзи каде што го чекаат Гонзало Игуаин, Батчуаи се смета за „вишок“ и се очекува да го напушти Лондон до крајот на преодниот рок.

Напаѓачот се поврзуваше со Кристал Палас, Евертон и Монако, но сега како единствена опција останува само клубот кој го предводи Тиери Анри.

На Островот пренесуваат дека за Бтачуи интерес постои само уште од Монако кој сака да го доведе во своите редови.

Единствена пречка во реализирањето на оваа зделка е што Челзи сака да го продаде, додека Монако нуди позајмица на шест месеци. Сепак, кога нема други заинтересирани клубови „сините“ изгледа ќе мора да се согласт.

https://www.youtube.com/watch?v=DjqIWQCpmas

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…