Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус, Погба мора на операција

Лоши вести за Јувентус, Погба мора на операција

Повредата на Пол Погба се покажа посериозна од очекуваното и неговото враќање на теренот ќе се оддолжи, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба има повреда на менискусот на коленото и се одлучи за конзервативна терапија, но после еден месец нема никаков напредок.

Поради тоа денес Французинот ќе мора да биде опериран, за целосно да се реши проблемот со менискусот.

Тоа значи дека ќе му следува период на рехабилитација од 40 до 60 дена, па многу е веројатно Погба да заигра за Јувентус дури после Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …