Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Лоши вести за Јувентус: Крај на сезоната за Мекени

Иако прво се најавуваше дека ќе отсуствува два месеци, сезоната за Вестон Мекени е завршена.

Американецот се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против Виљареал. Првите прогнози на докторите беа оптмистични, но изгледа дека опоравувањето многу подолго ќе трае. Веста за Мекени ја потврди и стратегот Алегри.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„За жал сезоната за Мекени е завршена. Ќе се врати со тимот дури на летните припреми“, изјави Алегри.

Мекени нема да може да помогне и на САД во последните натпревари во квалификациите за СП во Катар, иако и без него тие се во одлична позиција да се пласираат на Мундијалот.

Мекени веќе се врати во Америка каде што пред неколку дена гледаше и натпрев на Лејкерси во НБА лигата. Ќе потсетиме кај Јувентус од претходно сезоната исто така е завршена за Федерико Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tимот на поранешниот македонски репрезентативец исфрлен од Прва во четврта лига!

Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) денеска ги објави резултатите од лиценцирањето за наст…