Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лоши вести за Уругвај – Кавани аут против Франција

Лоши вести за Уругвај – Кавани аут против Франција

Едисон Кавани нема да успее да се рехабилитира од повредата и ќе го пропушти четвртфиналниот меч против Франција, информира еминентниот „Екип“.

Кавани се здоби со повреда на мускулот за време на осминафиналниот натпревар против Португалија, на кој со два гола му донесе победа на Уругвај.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Напаѓачот беше оптимист дека ќе може да се опорави до петок и да биде во стартниот состав против Франција, но последните информации го говорат спротивното.

„Матадорот“ се уште има оток и не тренира со остатокот од тимот, па готово сигурно нема да може да игра на мечот против Франција.

Францускиот весник „Екип“ пренесува дека во најдобро сценарио може да се најде на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …