Играчот за врска на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлејн ќе биде надвор од трените во следните шест месеци, откако имаше операција на коленото.
Англискиот репрезентатативец се повреди на првиот полуфинален натпревар во ЛШ против Рома, а откао беше утврдено дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти, беше јасно дека ќе мора да оди на операција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Окслејд-Чемберлејн ќе го пропушти Светското првенство во Русија, а англиските медиуми пренесуваат дека на терените ќе се врати дури во ноември.
Ова вест значи дека Клоп во летнииот преоден рок со сигурност ќе треба да го засили средниот ред, бидејќи од тимот заминува и Емре Чан.