Дома Трансфер зона Лотито во „тесно“, Кеита Балде ги одбива сите понуди – Причината е јасна!

Лотито во „тесно“, Кеита Балде ги одбива сите понуди – Причината е јасна!

Фудбалерот на Лацио, Кеита Балде, му задава главоболки на претседателот Клаудио Лотито…

Младиот фудбалер на клубот од Рим ги одбива сите понуди кои пристигнуваат. Прво одбиен беше Милан кој понуди 25 милиони евра, а сега не сакаше ниту да слушне за Вест Хем и Наполи кои нудеа скоро 30 милиони евра колку и што Лацио бара за неговите услуги.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лотито го притиска, договорот му истекува наредната сезона, Кеита тренира и не се огласува. Се очекува да пристигне понуда од Интер, но Кеита веројатно нема да ја смени одлуката.

Причината им е добро позната на сите, Јувентус.

Тој се договори со „бјанконерите“ кои се во лоши односи со Лацио, пред се поради приватни причини помеѓу Лотито и директорот на Јувентус, Бепе Марота. Претседателот на Лацио во еден момент дури и испраќаше навреди кон Марота поради физичкиот хендикеп.

Јуве чека, понуди 20 милиони евра и тоа нивна последна понуда, претходно нудеа 15. Лотито одбива, бара 30, но претседателот на Лацио знае да изгуби вакви битки, доволен пример е нашиот Горан Пандев.

На Кеита не му се брза, тој е цврст во својата намера, беше еден од најдобрите фудбалери на Лацио во минатата сезона и е спремен да го чека истекот на својот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…