Ливерпул официјално ќе го објави трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен уште денес.
„Црвените“ вчера се договорија со Баерн и за потписот на Тиаго Алкантара ќе платат 20 милиони фунти плус 5 во форма на бонуси. Меѓутоа, таа сума ќе биде платена на 4 рати, што значи дека сега клубот од „Енфилд“ ќе издвои само 5 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плејмејкерот ќе потпише договор на 4 години и ќе биде трет најплатен фудбалер во Ливерпул веднаш после Ван Дајк и Мохамед Салах.
Денес Алкантара во Ливерпул ќе ги мине вториот дел од лекарските прегледи и се очекува до крајот на денот да биде официјално промовиран во нов играч на „црвените“.
Клоп најверојатно нема да може да го вклучи во групата за мечот со Челзи кој на програмата е во недела.