Дома Трансфер зона Ливерпул ја сака ѕвездата на Фламенго

Ливерпул ја сака ѕвездата на Фламенго

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените“ имаат потреба од засилување на средниот ред, каде Клоп има малку алтернативи, па ќе се обидат да го донесат 21-годишниот талент во јануари.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените“ сакаат да го доведат во јануари, а неговата цена во моментов е околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …