Натаниел Филипс на почетокот на јануари се врати во Ливерпул од позајмица, но на „Енфилд“ не се задржа долго.
Овој дефанзивец првиот дел од сезоната го помина во Штутгарт на позајмица каде што требаше да остане до лето. Меѓутоа Јирген Клоп изненади кога го врати од позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филипс беше на клупа во натпреварите против Шефилд и Тотенхем, а денес е потврдено дека оди на нова позајмица. Но, сите останаа без текст кога Ливерпул потврди дека овој 22 годишен дефанзивец се враќа во Штутгарт.
Клоп очигледно го повика да биде во тимот две недели и сега повторно го враќа пред почетокот на вториот дел од сезоната во Цвајт.
Филипс дури играше и во ФА Купот против Евертон и сега Штутугарт е единствениот тим за кој има право да игра до летото 2020 година.