Раководството на Ливерпул е спремно за нова офанзива од страна на Барселона за Филипе Кутињо во зимскиот преоден рок, тврдат англиските медиуми.
Барселона цело лето се обидуваше да го донесе Бразилецот, но Ливерпул ги одби сите понуди кои ги испратија Каталонците и го задржаа на „Енфилд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последната понуда која ја испрати Барселона за потписот на Кутињо беше 130 милиони евра, но „црвените“ сметаат дека таа сума не а е доволна за да го пуштат да замине.
„Дејли Мирор“ пренесува дека раководството на Ливерпул ќе му дозволи на Кутињо да се пресели на „Камп Ноу“ во јануари, само доколку Барселона понуди 150 милиони евра.
Кутињо продолжува да биде трансфер цел број еден за Каталонците, и покрај фактот што Бразилецот оваа сезона нема да може да настапи во Лигата на шампиони.