Ливерпул презеде конкретни чекори за ангажман на голманот на Рома, Алисон Бекер и ја испрати првата официјална понуда.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените“ се спремни да платат 70 милиони евра, од кои 60 милиони во кеш, а останатите 10 преку бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рома за слободата на Алисон бара 80 милиони евра, а друг проблем за Ливерпул е што силен интерес за голманот покажува и Челзи. „Сините“ во Бразилецот гледаат идеална замена за Тибо Куртоа, кој ова лето најверојатно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Агентот на бразилскиот голман денес допатува во Рим и ќе има средба со раководството на Рома. Самиот фудбалер инсистира да му биде дозволено да се пресели во Премиер лигата.