Ливерпул започнал преговори со Барселона за евентуален трансфер на Франк Кеси, пренесуваат англиските медиуми.
Ливерпул откако ги ангажираа Алексис Мекалистер и Доминик Собоцлај сака да донесе уште едно засилување за средниот ред, а најново име на списокот е токму Кеси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеси не се снајде најдобро во Барселона и не е во плановите на Чави за следната сезона, па Каталонците сакаат да се ослободат од него.
Ливерпул може да го доведе за само 20 милиони евра, а Клоп верува дека добро ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Интерес за играчот за врска покажува и Јувентус, но Кеси преферира трансфер во Премиер лигата.