Дома Фудбал Англија Ливерпул тргнува по играчот кој ја игра најдобрата сезона во кариерата

Ливерпул тргнува по играчот кој ја игра најдобрата сезона во кариерата

Ливерпул е во потрага по стопер. Повредите на Ван Дајк, Матип и Гомез, Клоп го донесоа во незавидна ситуација.

Фабињо и Хендерсон моментално играат на стоперските позиции, а Вилијамс и Филипс немаат искуство да играат константно на ниво кое го бара ПЛ, но и ЛШ.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Многу имиња се споменуваа како можни засилувања за Црвените, а Ливерпул Ехо пренесува дека главен фаворит за доаѓање на Енфилд е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој со Црвените се поврзува од почетокот на 2021. година.

Станува збор за играч кој има 21 година. Ги помина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020. година и уште во првата сезона е еден од клучните играчи на тимот.

За Лил оваа сезона во сите натпреварувања одигра 26 натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Моменталната вредност според Трансфермаркт иснесува 25 милиони евра, а некои француски медиуми пишуваат дека Лил нема да разговара за сума помала од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Teр Штеген се налутил: Подготвен е да започне „војна“ со Барселона!

Фудбалскиот клуб Барселона донесе одлука да го ангажира 24-годишниот Жоан Гарсија од Еспањ…