Ливерпул спрема изненадувачка понуда за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, кој на лето ќе биде слободен агент.
Според новинарот Палмери, клубот од „Енфилд“ веќе стапил во конаткт со агентот на Дибала и започнале преговори за евентуален трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот на сезоната и во моментов преговорите за продолжување на соработката се во застој.
Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра по сезона што Јувентус не може да си ја дозволи, па се поизвесно е дека ќе си замине како слободен агент.
Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација и да добие големо засилување без обештетување, а „црвените“ се спремни да му ги исполнат финансиските барања.
Покрај Ливерпул, силен интерес за Дибала покажува и Интер.
BOOM!
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) January 26, 2022
Liverpool have got in contact with Dybala to monitor his situation about not extending contract to Juventus,
according to @TuttoMercatoWeb @alaimotmw
Dybala would be keen to move to Liverpool