Дома Трансфер зона Ливерпул пронајде поефтина опција: Албанец од Серија А кандидат да го замени Кариус?

Ливерпул пронајде поефтина опција: Албанец од Серија А кандидат да го замени Кариус?

После кататрофалниот настап на Лорис Кариус во финалето од Лигата на шампионите во кое Ливерпул беше поразен со 3:1 од Реал Мадрид на големо започна да се пишува за иднината на Германецот на „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После ужасните грешки на Кариус против Реал Мадрид наводно во Мадрид се вклучиле алармите и се во потрага по нов голман.

Во последните денови со Ливерпул се поврзуваа Алисон од Рома и Облак од Атлетико Мадрид, но и двете опции се прилично скапи, а како поефитина опција се споменуваше Јаспер Силенсен од Барселона кој во својот договор има откупна клазула од 60 милиони евра.

Сега со Ливерпул се поврзува ново име – Томас Старкоша. 23 годишниот голман е дел од првиот тим на Лацио од 2016 година, а зад себе има навистина одлична сезона.

Лацио за Старкоша своевремно плати само 80.000 евра и сега има шанса добро да заработи со негова евентуална продажба, наводно клубот од Рим е спремен да го продаде за сума од околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…