Дома Трансфер зона Ливерпул испратил понуда од 100 милиони евра за Киеза, Јувентус имал експресен одговор

Ливерпул испратил понуда од 100 милиони евра за Киеза, Јувентус имал експресен одговор

Италијанската „Ла Република“ пренесува дека Јувентус одбил пондуда од 100 милиони евра за Федерико Киеза.

Киеза минатата година пристигна во Јувентус како позајмен играч од Фиорентина, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот офанзивец во минатата сезона ги покажа своите квалитети и постигна 15 голови вио 46 настапи. Одлични настапи Киеза продолжи да прикажува на Европското првенство и беше еден од најдобрите играчи на Италија со која стигна до европското злато.

Ако Јувентус ја прифател понудата од Ливерпул тогаш Киеза ќе станел вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата после Пол Погба кој за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.

Во Јувентус воопшто не размислувале да влезат во преговори затоа што повратникот на клупата на „старата дама“ Масимилијано Алегри во Киеза гледа како еден од главните играчи во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…