Ливерпул ја разгледува можноста да го доведе на „Енфилд“ плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу, пренесува „Калчомеркато“.




Клоп во 28-годишниот турски репрезентативец гледа идеална замена за Чемберлејн, кој заработи тешка повреда во предсезоната и долго време ќе отсуствува од терените.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Чалханоглу одлично ќе се вклопи во неговиот тим.




Турчинот одигра добра сезона во Интер откако пристигна од Милан, но „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и мораат да продадат некој играч.
Интер е спремен да го продаде доколку Ливерпул достави понуда помеѓу 20 и 30 милиони евра.