Дома Фудбал Англија Ливерпул до навивачите: Таквото однесување е неприфатливо

Ливерпул до навивачите: Таквото однесување е неприфатливо

Навивачите на Ливерпул и втора вечер во низа се собраа за да ја слават титулата во Премиер лигата, прва после 30 години.

„Црвените“ во четвртокот ја обезбедија титулата, а навивачите скоро и да не обрнуваа внимание на пандемијата со коронавирусот и препораките кои ги добиваат од Владата.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од клубот го осудија таквото однесување на навивачите и порачаа дека за нив тоа е неприфатливо.

„Нашиот град и понатаму се бори со здравствената криза и таквото однесување е неприфатливо. Има потенцијална опасност од втор „пик“ на коронавирусот и мораме да бидеме претпазливи и заеднички да се бориме. Кога ќе биде безбедно заедно ќе организираме парада и тогаш ќе прославиме. До тогаш безбедноста е приоритет и таквото однесување е неприфатливо“, стои во заедничкото соопштение на градот Ливерпул и полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кимих донесе одлука и наскоро става потпис

Џошуа Кимих донесе конечна одлука кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен, потврдија герм…