Иднината на швајцарскиот репрезентаивец Џердан Шаќири во Ливерпул е доведена во прашање откако во британските медиуми се појави информација дека Јирген Клоп сака да го продаде за во своите редови да ја доведе младата ѕвезда на Виљареал.
Станува збор за 20 годишниот крилен напаѓач Самуел Чукуезе кој се афирмираше во еден од најценетите млади играчи во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шаќири во Ливерпул пристигна од Стоук за сума од 15 милиони евра, а почетокот на неговата епизода на „Енфилд“ беше одличен. Сепак, мистериозната повреда го запре неговиот напредок.
Иако, Клоп е задоволен од доприносот на Шаќири наводно германскиот стратег не е задоволен од тоа како Швајцарецот е вклопил во неговите замисли.
Британскит емедиуми пишуваат дека Ливерпул не сака по секоја цена да го продаде Шаќири и дека тоа ќе се случи ако стигне адекватна понуда.
Парите од евентуалната продажба на поранешниот фудбалер на Интер и Баерн, Ливерпул би ги насочил кон младиот Чукуезе кој според мислењето на Клоп би бил идеален за неговите замисли.
Левиот крилен фудбалер во својот договор со Виљареал има откупна клазула во износ од 60 милиони евра и не би било чудо ако Ливерпул се обиде да го обезбеди неговиот потпис.
Чукуезе оваа сезона во која Виљареал не одигра баш најдобро на 47 натпревари постигна 10 голови и запиша четири асистенции.