Ливерпул има нов напаѓач. Во прашање е Доминик Соланке кој пристигнува од Челси.
Тој е слободен играч, но „Црвените“ ќе мораат да платат обештета поради законот во Англија кој вели дека на секој клуб му е загарантирана надокнада ако изгуби играч кој се изградил во тие редовите и на кому му е истечен договорот. Се споменуваше цигра и до 10 милиони евра, која ќе легне на сметката на Челси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соланке ја мина школата на Челси, но шанса на големата сцена ќе ја добие во дресот на Ливерпул. Потполно го привлече вниманието кон себе по неодамна завршениот Мундијалит, на кој со четири постигнати погодоци беше најдобар играч на турнирот.
Соланке од Челси бараше договор тежок 50.000 фунти неделно, но не го доби. Затоа одлучи да премине во Ливерпул кој пак, беше заинтересиран за неговите услуги, иако во игра беше и Селтик.
„Се чувствувам неверојатно тука. Сите прават да се чувствувам како дома. Се надевам дека ќе пишувам историја тука“, истакна Соланке во рамки на претставувањето на „Енфилд“.
Она што почнува да прави сомнеж кај другите е тоа дали Челси ќе направи повторни привид со овој трансфер, како со оној на Лукакукој и официјално премина во редовите на Јунајтед за 75 милиони фунти плус 15 милиони фунти на сметка на бонуси, и на сето тоа уште и 10 милиони колку е пресметана вредноста на Вејн Руни.
Лукаку, инаку од Челси во Евертон замина за 35 милиони евра.
#LFC can announce the signing of @DomSolanke: https://t.co/8Ltssjvgpk pic.twitter.com/B1s3gMeSpx
— Liverpool FC (@LFC) July 10, 2017