Дома Фудбал Англија Ливерпул го оствари најдобриот старт во историјата на клубот

Ливерпул го оствари најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на Ливерпул синоќа во гости го поразија Барнли со 3:1 во Премиер лигата и на тој начин го забележаа најдобриот старт во историјата на клубот.

Иако Црвените по бројот на титули во Англија е на втората позиција зад Манчестер Јунајтед, никогаш не забележале подобар старт пред оваа сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


После одиграни 15 кола, тимот од Енфилд освои 39 бода. Остварија 12 победи и три нерешени, и имаат гол разлика од 30:6.

Сепак, сето тоа не им помогна да бидат лидери на табелата, туку го гледаат грбот на Манчестер Сити кој до сега освои два бода повеќе.

Прилика да ја подобрат низата, Црвените имаат во наредното коло кога гостуваат кај Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…