Дома Фудбал Англија Ливерпул го избра новиот тренер, преговорите во напредна фаза

Ливерпул го избра новиот тренер, преговорите во напредна фаза

Преговорите помеѓу Ливерпул и тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим се во напредна фаза, пренесуваат англиските медиуми.

Аморим, наводно, веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Лидерите во Премиер лигата веќе се во преговори со агентите на Аморим, кои му се добро познати на клубот бидејќи го претставуваат и Луис Дијаз.

Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика и до крајот го чека грчевита борба за титулата во Португалија.

„Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг и следната сезона. Не можам да го кажам тоа што кажа Чаби Алонсо. Треба да разговараме за мојата иднина и ќе ја договориме кога ќе биде вистинскиот момент“, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Петровиќ го напушта Челси и се сели во клуб кој игра во Лигата на шампионите

Голманот на Челси, Ѓорѓе Петровиќ, иако имаше одлична епизода во Стразбур, не успеа да ја …